Медиасет
Фокус на 3×3 кошарка и младински спорт: нова регионална соработка меѓу МОК и ОКС
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, оствари работна средба со претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Дејан Томашевиќ, посветена на унапредувањето на меѓусебната соработка и иднината на олимпискиот спорт во регионот.Средбата се одржа во просториите на Комитетот во пријателска атмосфера и конструктивен дијалог, при што беа дефинирани повеќе стратешки приоритети за натамошно дејствување.Централна тема на разговорите беше заедничкиот настап преку европската програма „Еразмус+“. Договорено е здружување на капацитетите на двата комитета за заедничко аплицирање и реализација на проекти, со цел максимизирање на ресурсите наменети за развој на спортот, едукацијата и младинските спортски иницијативи.Истовремено, посебен акцент бил ставен на креирање стратегии и размена на најдобри практики за дополнителна популаризација и развој на 3х3 кошарката.Во насока на идни соработки, соговорниците најавија дефинирање на конкретни чекори што вклучуваат размена на стручен кадар и континуирана организација на заеднички подготовки на спортистите од двете земји.Во рамки на посетата, претседателот Димевски ги презентираше на својот српски колега Томашевиќ инфраструктурните капацитети на Олимпискиот спортски центар. Гостинската делегација имаше можност директно да се запознае со условите за тренинг, развој и стручно усовршување, при што посебно била истакната најсовремената лабораторија за мерење на спортски перформанси.Двајцата претседатели заклучиле дека постои огромен потенцијал за заедничко дејствување кое во иднина значително ќе придонесе за развојот на олимпиското движење во двете држави.