Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Најголемиот акционер на Фолксваген, Порше СЕ, бара од управата на германскиот автомобилски гигант итни чекори за зајакнување на конкурентноста.

Компанијата се соочува со сè поголем притисок поради царините и продорот на кинеските производители, поради што драстичното намалување на трошоците и промената на стратегијата станаа клучни за зачувување на позицијата на пазарот. Така, Фолксваген се наоѓа пред веројатно најголемото преструктурирање во својата 89-годишна историја, пишува „Еуроњуз“.

Холдингот Порше СЕ, преку кој семејствата Порше и Пиех го контролираат Фолксваген, поседува околу 31,9 отсто од сопственичкиот удел во компанијата.

„Групацијата Фолксваген се наоѓа на клучна точка во својата историја. Одлуките што компанијата ќе ги донесе сега ќе ја одредат нејзината иднина. За доброто на компанијата и нејзината долгорочна конкурентност, сите мора да преземат одговорност“, се наведува во соопштението потпишано од Ханс Дитрих Пеш, претседател на управата на Порше СЕ.

Пеш истакна дека клучните одлуки мора да бидат донесени што е можно поскоро, бидејќи одложувањето само ќе ги влоши постојните проблеми.

„Фокусот сега мора да биде исклучиво на она што е неопходно од деловна и економска перспектива. Сите останати прашања се споредни“, додаде тој.

Тоа вклучува намалување на вишокот производствени капацитети, значително забрзување на процесот на донесување и спроведување на одлуките, како и сериозно намалување на трошоците.

Таквиот став укажува дека Фолксваген во наредните месеци би можел да посвети помалку внимание на работничките права и еколошките стандарди. Во центарот ќе бидат профитот и преструктурирањето, со цел компанијата да се справи со конкуренцијата која го загрозува нејзиното долгорочно работење.

Компанијата веќе потврди дека разгледува укинување на до 100.000 работни места со цел подобрување на ниската профитабилност, што е двојно повеќе од претходните најави.

Овој потег доаѓа во момент кога компанијата е под силен притисок поради царини кои достигнуваат износи од повеќе милијарди евра, но и поради сè посилната конкуренција од кинеските производители, особено брендовите на електрични возила како BYD, Geely и SAIC.

Притисокот е очигледен на кинескиот пазар, каде што традиционалните модели го загубија чекорот со модерните кинески електрични автомобили. Истовремено, ценовно достапните кинески модели бележат значителен раст на продажбата на пазарите во Европа, Латинска Америка и Африка.

„Целта е конкурентноста. Мораме да ја разгледаме секоја опција за да ја постигнеме. Во спротивно, Фолксваген ризикува трајно да заостане зад меѓународната конкуренција“, изјави д-р Јоханес Латвајн, член на управата задолжен за финансии и ИТ.

Акциите на Фолксваген во петокот попладне пораснаа за 0,6 отсто, но од почетокот на годината бележат пад од повеќе од 27 отсто.

Во обид да го диверзифицира работењето и да ја зголеми отпорноста, Фолксваген истражува различни опции за зголемување на продуктивноста и подобро искористување на капацитетите на своите фабрики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 6 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 6 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања