На социјалните мрежи се појави фотографии од бабичка која на 80 години, и покрај тоа што има скршен колк, се уште се грижи за бездомните животни.
“На 80 год и со повреден колк (ја има удрено кола пред некоја година), бабичево секој ден излага да ги бара мачињата, зошто комшијата од горниот спрат ги брка. У Тетово ако се грижиш за мачиња,кучиња (посебно мачиња), по дифолт си забеган и те оговара цело маало, па многу се израдува што има и други како неа. Ја постирам за да размислите што има толку чудно у тоа да се грижиш за бездомни животни, а што е толку нормално да си бесчувствителен и себичен”, стои во објавата.
