#ТРЕНД
(ФОТО) Цеца објави прва слика од внукот Жељко
Вељко и Богдана Ражнатовиќ му направија крштевка на синот Жељко во храмот Свети Сава во Белград. На крштевката присуствуваа само членовите на најблиското семејство и кумот на бебето.
„Денес, на големиот српски празник, го крстивме нашиот наследик. Куме, нека е со среќа. Правете деца и воспитувајте ги добро“, напиша меѓу другото Вељко, кој објави прва слика од синот на Инстаграм.
Слика од бебето објави и Цеца. Секогаш да си ни здрав, среќен, успешен, сакан, да пораснеш во човек со големо срце и сите да сме горди на тебе“, напиша таа.
За потсетување, Богдана се породи на 3 јуни. Бебето го доби името по покојниот дедо, а сопруг на Цеца, Жељко.