#ТРЕНД

(ФОТО) Дуа Липа објави знаме со мапа на Голема Албанија

Објавено на

Дуа Липа, која потекнува од Косово и Метохија, во изминатите неколку денови ја бранува светската јавност со своите политички и националистички објави на нејзиниот инстаграм профил.

На социјалните мрежи Дуа Липа објави фотографија од знаме на кое е прикажана мапа на таканаречната Голема Албанија во која е опфатена и територија на Македонија, а во описот напиша: „Автохтон – придавка (жител на некое место), староседелци, а не потомци на мигранти или колонисти“.

Исто така таа објави фотографија на која пишува: „Зошто Косово не е и нема да биде Србија“.

Ова го забележала и познатата српска пејачка Јелена Карлеуша, која и одговорила на Дуа Липа.

– Драга Луа Липа, те сакаме тука во Србија. Екстремизмот на било кој начин не е одговор (знаеш дека косовскиот лидер во Хаг се соочува со обвининие за воени злосторства и слично. Можеш да најдеш лоши луѓе на двете страни). Те молам користи ги твоите социјални мрежи да шириш љубов, мир и музика (и врати се на Косово да бидеш со својот народ). Испраќам многу љубов на сите добри луѓе, ширум светот – напиша Карлеуша.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version