Хрватска започна со олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Од денеска кафулињата, кафеаните и рестораните започнуваат со работа. Келнерите носат маски и ракавици, а гостите се на растојание едни од други, пишува „24 сата“.
„Јутарњи лист“ објави интересна фотографија, на која другарите Силвио и Андреј уште рано утрово чекале да им се отвори омиленото бродско кафуле „Лутвинка“. Кога тоа се случило, седнале на омилената маса и со синџири се врзале за неа „за никој да не може да ги исфрли ако дојде до повторно затворање на угостителските објекти“.