Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.
🌿Се чистеше дивата вегетација
⛱️Се посипува автохтон песок
🌳Се засадуваат дрвја
✅Се поставуваат нови контејнери и садови за отпад
🚾Се поставуваат времени тоалети
Во текот на наредниот период ќе бидат поставени
➡️клупи за седење
➡️монтажни соблекувални
➡️фонтани за вода
Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.