Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ и неговата сопруга, архитектката Душица Андоновска, вчера вторпат правеа свадба во Мостар. Откако пред една година склучија граѓански брак и направија мала журка со најблиските, тие сега се венчаа во црква и имаа голема забава со семејствата, многу пријатели и соработници.
Душица, која лани носеше краток фустан, овој пат избра долг елегантен фустан со вел. Поранешниот ракометар на Вардар сега облече класичен костум со чевли, наместо со патики како што направи лани.

