Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Фото) Кејт Мидлтон ненадејно се појави на балетската претстава

kejt-midlton

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон изненадувачки се појави на балетската претстава на Жизел во Садлерс Велс во северен Лондон додека таа продолжува да закрепнува од рак. Таа на социјалната мрежа Икс ја опиша претставата како „потресна и инспиративна“ и дека продукцијата на претставата е „креативност во најдобар случај“.

Посетата доаѓа откако Кејт одржа состанок во замокот Виндзор претходно оваа недела за да разговара за нејзината годишна божиќна песна, пишува Sky News. Принцезата од Велс претходно изјави дека „со нетрпение чека да се врати на работа“ и да преземе „уште неколку јавни ангажмани“ во наредните месеци.

Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, принцезата малку ја скратила косата, ја обликувала во богати локни, а што се однесува до облеката, се одлучила за комплет во светла јоргована боја. Блејзерот беше украсен со копчиња во средината, а моделот го истакна струкот и виткоста на принцезата од Велс.

Со оваа есенска комбинација, принцезата облече темни црни чорапи и лакирани потпетици со украсна тока, а широката насмевка испрати порака дека тешките денови се зад кралското семејство.

Кејт Мидлтон имаше операција на абдоменот во јануари, а во март потврди дека после таа операција се пронајдени преканцерозни клетки и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Сцена

Сите →
lila-naslovna-2

Лила Филиповска во црна елегантна комбинација прошета низ улиците на Париз

пред 6 часа
media-libraryhbsnr9d9n3q08MPasHf

„Дознав нешто страшно и ставив крај“ – Зоран Бирташевиќ откри зошто го прекинал пријателството со Јелена Карлеуша

пред 8 часа
media-library12f9odd1fthe74ZN88w ВИДЕО

(Видео) Ги слушале тинејџери, а со „Ѓурѓо“ стигнале до повозрасна публика – Стефан за пресвртот на „Некст тајм“

пред 8 часа
media-library3qr95r8a0s1h2gnCYkR

Бритни Спирс ги призна своите грешки и жали за јавните обвинувања кон семејството

пред 10 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања