#ТРЕНД
ФОТО: Маските станаа и мода, заштити се и биди во тренд
Носењето заштитни маски стана секојдневна појава во многу земји за време на пандемијата на коронавирус. Поради недостаток на овие маски, луѓето најдоа креативни и интересни начини да се заштитат себе си.
Германската модна дизајнерка Фридрике Јорциг претстави маски кои се продаваат заедно со венчаница во нејзиниот салон во Берлин.
Маски покриени со кристали беа прикажани во студиото на јорданската дизајнерка Самија ал Заклех, заедно со футроли за телефони.
Претседателката на Словачка, Сузан Капутова носеше маска која одговараше на бојата на нејзиниот фустан за време на инаугурацијата на Владата на Игор Матовиќ на 21 март годинава.
Медиумите објавија и дека американскиот претседател Доналд Трамп одбива да носи маска за лице, за разлика од неговата сопруга Меланија, која ги повикува сите да носат маски за заштита од коронавирус.
Првата дама на Соединетите држави се вклучи во борбата против коронавирусот. Таа направи видео со кое ги поканува луѓето да носат маски, а после тоа таа објави и нејзина фотографија со маска.
Во недостиг на заштитни маски ширум светот, многумина се свртеа кон сопствената креативност и дизајнираа свои. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи многуминаги насмеаја, од кои Bored Panda одбра 20 фотографии, кои ги објави.