На 27 мај, бремена слоница почина во Керала, Индија, откако изеде ананс во кој некој нечовек ставил петарди. Тие експлодирале во нејзината уста и сериозно ѝ ја оштетиле вилицата. Портпаролот на одделот за шуми во Керала изјавил дека не е вообичаено земјоделците да ставаат петарди во овошјето за да ги избркаат дивите животни.
Приказната допре до светот откако шумарот Мохан Кришнан се обидел да ја спаси слоницата и го објавил случајот на Фејсбук. Уметници од целиот свет одлучија да ѝ оддадат почит на бремената слоница и нејзиното неродено слонче.