#ФОКУС
(ФОТО) На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција
На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички теста.
Донацијата им беше предадена на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и на заменик-началникот на Генералштабот, Азим Нуредин.
„Во овие тешки времиња кога светот е соочен со исклучително тежок предизвик за јавното здравје и справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побргу ќе бидат надминати.
Source: New feed