Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ФОТО) Нема повеќе „подзастанување“ пред Охридската капетанија, поставена нова сигнализација и топки

Медиасет.мк
пред 5 години
kapetanija-parking

Како што најави градоначалникот Константин Георгиевски, „во очи“ на туристичката сезона се решаваат проблемите на Охрид.  Еден од нив е паркирањето на централното градско подрачје, поготово во Стариот дел на Охрид.

Нема повеќе паркирање автомобил под изговор „на кратко сум“, па да се остане неколку часови. сообраќајниците во центарот не се место за паркирање, туку официјалните обележани паркинг локации.

Ваков проблем мината година имаше сообраќајницата пред Охридската капетанија, пред рампата за излез или влез на жителите од Стариот дел на градот. Токму поради тоа од синоќа на овој потег е поставена нова сигнализација и топки. На овој потег нема повеќе паркирање на автомобили.

Инаку жителите од стариот дел на Охрид за свои потреби имаат паркинзи, проблемот настанува во летната сезона, со гостите кои се сместени во Варош или Месокастро. За нив во моментов локалната го има предвидено паркингот пред Горна Порта, но гостите или „досетливите домаќини“ своите картички за поминување преку рампите им ги дава на гостите, па на овој начин улиците низ стариот дел на градот се претвораат во паркиралишта.

Градоначалникот неодамна истакна дека овој периот често се дискутира за овој проблем, па се изнаоѓаат начини да се реши и овој проблем.

Кога сме кај проблемот со паркирањето во централното градско подрачје, се чини дека конечно ќе биде решен со долго најавуваната катна гаража. Георгиески како конечно да ги помести реботите од мртва точка со овој проект. Градоначалникот неодамна за Охрид 1 истакна дека  проектот за катната гаража во Охрид е готов.

„Се чека одобрение и ќе се спроведе постапка за јавно-приватно партнерство за да се почне реализацијата“.

Ако се тече според планот и ако овој проект го добие одобрението од управата за заштита на културно наследство, реализацијата на овој проект треба да почне од на есен.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 14 часа

media-libraryrcmu5a4ka6ubezdf0bp

Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?

Трендови | пред 16 часа

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања