Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ФОТО) Објавена мапа каде се забележани виолетови медузи во Грција

Ако оваа година планирате летниот одмор да го поминете во Грција, бидете внимателни кога пливате во морето, бидејќи во поголем дел во близина на плажите на Егејското море се забележани јата опасни виолетови медузи.

Оваа појава на зголемена бројка на виолетовите медузи се должи на климатските промени и зголемено ловење на големи риби, а оваа сезона прво се појавиле во Јонското море, од каде морските струи ги однеле во Егејското море.

Виолетовите медузи се со големина од 6 до 10 см, а ако ве испече оваа медуза болката може да трае и од 1 до 2 недели.

Грчките медиуми објавија мапа на која се обележани местата каде се забележани овие виолетови медузи.

Трендинг

На почеток
error: