Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ФОТО) Општина во Охрид ќе урива дивоградби во Градиште, извршен вонреден инспекциски надзор во автокампот

Медиасет.мк
пред 5 години
Gradiste-inspekcija-1

Градежните инспектори од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид на 19.05.2021 година извршија вонреден инспекциски надзор во автокампот „Градиште“ со увид на лице место согласно Законот за градење и Законот за инспекциски надзор. Извршен е комплетен надзор на 15 автокамп приколки, при што се затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Затекнати се недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти. На одредени локации се затекнати и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија, се велат од Општина Охрид.

Во дописот од локалната самоуправа додаваат:

Изготвен е записник и фотодокументација за надзорот, при што е констатирано дека субјектот кој стопанисува со автокампот „Градиште“ не поседува одобрение за поставување на времени објекти, решение за изведба на платформи изведени од дрвена и метална конструкција и решение за изведба настрешници кои се поставени над автокамп приколките.

Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи. Врз основа на тоа, Одделението за инспекциски надзор донесе Решение за отстранување на времените објекти, платформите, настрешниците, армиранобетонските плочи, плочите од бекатон плочки, според член 134 и член 135 став(1) алинеа 3 од Законот за градење Сл.Весник на РСМ( од бр.130/09 до 279/20).

Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе продолжи со спроведување на инспекциски контроли во автокампот „Градиште“ како и на останатите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро, кои се наоѓаат на локации кои се на територија на општината.

фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 14 часа

media-libraryrcmu5a4ka6ubezdf0bp

Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?

Трендови | пред 16 часа

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања