Медиасет.мк

Медиасет

(Фото) Оскари: Актерот и борач Џон Сина се појави гол на големата сцена на театарот Долби

Актерот и борач Џон Сина се појави гол на големата сцена на театарот Долби и го објави добитникот на Оскар за најдобар костим.

Наградата му припадна на филмот „Кутрите суштества“, кој претходно го доби Оскар за најдобра шминка и фризура, како и за сценографија.

Водителот Џими Кимел, пред пристигнувањето на Сина, се присети на моментот во 1974 година кога, додека водителот Дејвид Нивен на сцената ја претставуваше Елизабет Тејлор, човек по име Оберт Опал, американски фотограф и сопственик на уметничка галерија, истрча преку сцената. Тогаш се појави Сина, кој малку по малку излезе целосно гол на сцената само покривајќи ги гениталиите.

Појавата на Сина без облека брзо привлече внимание, а на социјалните мрежи веќе се зборува дека ова е најдобриот настан од овогодинешните Оскари.

На почеток
error: