Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Триумф на „Опенхајмер“ со седум Оскари, меѓу кои и за најдобар филм

На црвениот тепих прошетаа бројни познати личности, од Кирстен Данст, Стивен Спилберг, Рајан Гослинг, Роџер Федерер, Андреа Бочели, Силијан Марфи, Двејн Рок Џонсон и други. Имаше и протести и барања веднаш да се воспостави примирје во Газа. Церемонијата започна, водителот Џими Кимел се заблагодари што повторно е домаќин на Оскарите.

Оваа година, на на 96. Оскари триумфираше „Опенхајмер“. Тој доби седум златни статуетки – во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра машка споредна улога, кинематографија, најдобра оригинална музика и монтажа.

„Опенхајмер“ е најдобриот филм, прочита Ал Пачино.

Како течеше вечерта:

Фокусот беше на екипите на филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“. Маргот Роби и Рајан Гослинг седеа во близина. Своите места ги зазедоа Силијан Марфи и Роберт Дауни Џуниор. Бредли Купер, кој е номиниран за главна машка улога, на доделувањето на Оскарите дошол со својата мајка.

Прва беше доделена наградата за најдобра споредна женска улога. Во конкуренција беа Џоди Фостер, Емили Блант, Америка Ферера, Даниел Брукс, Двејн Рендолф. Двејн Џој Рендолф годинава го освои првиот Оскар за најдобра споредна женска улога за улогата во филмот „Holdovers“ („Академија Бартон“). Актерката заплака и им се заблагодари на сите за наградата.

“Се молам на Бога ова да се повтори. Ви благодарам на сите”, рече емотивната Двејн.

Ања Тејлор Џој и Крис Хемсворт го доделија следниот Оскар, за краток анимиран филм. Филмот „Војната е завршена“, кој исто така го сними синот на Џон Ленон – Шон Ленон, доби признание. „Момчето и чапјата“ доби Оскар за долгометражен анимиран филм. Признание за Тоши Сузуки и легендарниот Хајао Мијазаки.

Филмот „Анатомија на падот“ доби Оскар за најдобро оригинално сценарио. Награда за Артур Харари и Џастин Трит.

Следната награда се доделува за најдобро адаптирано сценарио. Оскарот за оваа категорија оди за „Американска фикција“. Корд Џеферсон ја зеде наградата. Следуваше музичка пауза. Били Ајлиш и Финес О’Конел ја изведоа песната номинирана за Оскар „What I Was Made For“. Музичките ѕвезди добија овации по нивниот настап.

Кетрин О’Хара и Мајкл Китон ја доделија наградата за најдобра споредна машка улога. Пред тоа, Оскар за најдобра сценографија доби филмот „Кутрите суштества“. Истата продукција ја доби наградата за шминка и фризура, како и за најдобар костим.

Инаку, за време на доделувањето на Оскарот за најдобар костим, актерот Џон Сина се прошета гол на сцената.

Трендинг

На почеток
error: