Американскиот актер Овен Вилсон е на одмор во Дубровник, заедно со пријатели.
Тој беше фатен како шета низ градот, во обична маица, шарени шорцеви и капа, додека госпоѓата во придружба избрала свечен фустан од тантела, а пријателот бела кошула. Според локалните портали, Вилсон ја истражува понудата на ресторани, плажи и знаменитости
Претходно тој посети ресторан во Дубровник и се фотографираше со вработените.
https://www.instagram.com/p/CEaLcdOp62t/
Ова не е негова прва посета на Хрватска. Тој минатата година во Сплит и Дубровник снимаше филм заедно со Салма Хајек. Оваа година тој нема деловни обврски и пристигнал во Хрватска приватно.