Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

(ФОТО) Под засилено полициско обезбедување се отстрануваат платформите од Куба Либре, Кадмо, Бела Виста

Медиасет.мк
пред 5 години
kuba

Под засилено полициско обезбедување, рано утрово започна отстранувањето на платформата на една од најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро, плажата „Куба Либре“. Според првичните информации, поранешните концесионери на плажата сами ја отстрануваат платформата и опремата.

Охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш од пред два дена се без напојување со електрична енергија. Овие плажи се опфатени со ГУП-от, но немаат договори за концесија.

Вчера продолжи акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“. Уривањето кое на овој потег започна пред два дена, а се одвива со тешка механизација која ги отстранува објектите и ги расчистува остатоците и инфраструктурата на плажата.

Со последните акции продолжува расчистувањето на објектите на плажите, кое до неодамна беше најактивно пред Авто кампот „Елешец“ и плажата Atlantic Beach, односно претходно на плажите после хотелот „Метропол“.

 

фото: ohridpress.com.mk повеќе фотографии од акцијата на овој линк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8sv9sevhemp71kIeJt

Рајанер се повлекува од повеќе дестинации: Се укинуваат летови од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора

Патувања | пред 2 дена

media-library2r2h35mim95n4Z2dQbI

Седум најморничави места во Европа: на листата и едно од Хрватска

Патувања | пред 3 дена

media-librarydktku7av35c11XJLlSm

(Видео) Остров на кој сонцето не заоѓа: Сакаа да го укинат времето, а приказната го обиколи светот

Патувања | пред 3 дена

media-library70nalamcc6m92c6BeMk

Купила куќа од култниот хорор-филм „Полтергајст“ и сега им овозможува на обожавателите да преноќат во неа

Патувања | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања