Авиокомпанијата Рајанер сподели на Твитер фотографија од лет со авион на ЈАТ (Југословенски аеротранспорт) од 60-тите години и доби бројни реакции.Наместо денешните кесички кикирики и доплата за сè, патниците тогаш влегувале во авион како во мал ресторан на небото.Елегантни униформи на стјуардеси, вистински порцелан, чаши, платнени чаршафи и богато мени што повеќе личело на ручек во хотел отколку на авионски оброк. Летањето било настан, не само превоз.Летот тогаш бил доживување. Луѓето се облекувале пристојно, се седнувало со очекување, а услугата имала доза на елеганција што денес изгледа речиси нереално.Стјуардесите во уредни униформи ги пречекувале патниците како гости во хотел, а не како „број на седиште“, со оброци кои личеле на целосен ручек, а не на „snack box“.Денес, со нискобуџетни карти од 19.99 евра, патниците често добиваат само основно, додека сè останато се доплаќа – багаж, оброк, седиште…Овие споредби на мрежите секогаш отвораат исто прашање: како од „летање како доживување“ стигнавме до „летање како трансакција“?
