Медиасет.мк

Медиасет

Речиси 40% од Италијанците чувствуваат потреба за пауза од социјалните мрежи

Речиси четири од десет Италијанци (38,1%) почувствувале потреба да направат „детоксикација“ и пауза од користењето на социјалните мрежи така што ќе ги користат помалку, ќе избришат профил или апликација.Во исто време, според извештајот изработен во соработка со групата Интеза Санпаоло, Медијасет, РАИ и ТВ2000, само 15,3 отсто од испитаниците изјавиле дека редовно прават паузи од социјалните мрежи, пренесува италијанската агенција Анса.Од оние кои почувствувале потреба да се исклучат од социјалните мрежи, повеќе од една четвртина (25,6 отсто) рекле дека тоа го направиле затоа што им одвлекувале премногу внимание од секојдневните активности.Понатаму, 20,6 отсто од испитаниците пријавиле потреба да одвојат време за себе и активности надвор од мрежите, додека 17,8 отсто признале дека имаат чувство на зависност од нивното користење.Младите на возраст од 14 до 29 години продолжуваат почесто да ги користат социјалните мрежи, и покрај благ пад, а меѓу нив 74,8 отсто изјавиле дека користат Инстаграм, што е за 3,3 отсто помалку во однос на 2024 година.Платформата Јутјуб ја користат 76,9 отсто од Италијанците, во споредба со 77,6 отсто претходната година, додека ТикТок бележи благ пораст со 64,5 отсто корисници оваа година, наспроти 64,2 отсто минатата година.

На почеток
error: