Откако фудбалерите Фил Фоден и Мејсон Гринвуд беа протерани од англиската репрезентација затоа што се дружеле со девојки во хотел и со тоа ја нарушиле нивната самоизолација, откриен е идентитетот на девојките.
Станува збор за исландскиот модел и актерка Надија Сиф Линдал Гунарсдотир и нејзината братучетка Лара Клаузен.
https://www.instagram.com/p/B2uH5K9AxV8/?utm_source=ig_embed
20-годишната Надија, која се натпреварувала за Мис Универзум на Исланд во 2019 година, откри дека ги запознале фудбалерите преку интернет, по што договориле средба во хотелска соба. Атрактивната русокоса тврди дека никогаш порано не чула за нив и дека се допишувала со Мејсон неколку дена пред да пристигнат двајцата на Исланд.
Двајцата потоа ја прошверцувале неа и братучетка и во хотелската соба каде што требало да бидат во самоизолација. Надија за Мејл Интер изјави дека тие ја поминале вечерта „запознавајќи се“, а на прашањето колку добро се запознале таа вечер, таа рече само дека фудбалерите биле „вистински господа“.
Надиа потоа се огласи на Инстаграм и напиша дека „не снимила или објавила ништо во медиумите“ и дека тие двајца биле „одлични момци“ и дека „не го заслужиле ова“.
Проблематичното фудбалско дуо наводно се допишувало со вкупно четири девојки од Исланд, но само Надија и Лара решиле навистина да дојдат во хотелот.
Фудбалерите ги снимила една од нив на мобилен телефон и ги објави на социјалните мрежи, по што двајцата западнаа во неволја и со првиот авион беа испратени назад во Англија од селекторот Герет Саутгејт.
Инаку, англиската репрезентација го одигра натпреварот од првото коло во Лигата на нациите во Исланд.
https://www.instagram.com/p/B-erYilAvTx/?utm_source=ig_embed