Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Неверојатно: Над 25 милиони луѓе сеуште го користат Windows XP

Иако Мајкрософт лансираше неколку нови оперативни системи од 2001 година, стариот добар XP сè уште го има. Официјално, Мајкрософт престана да го поддржува Windows XP уште во 2014 година, што значи дека корисниците веќе не добиваат безбедносни ажурирања, пренесува Zimo. Ова ги прави поранливи на вируси и хакерски напади.

Иако купувањето нов оперативен систем може да изгледа како губење пари, особено ако сегашниот работи непречено, новиот ОЅ има свои предности – од подобра симбиоза со хардверски компоненти, до понапредни софтверски карактеристики и постојана поддршка од производителот.

На прв поглед, 25 милиони компјутери кои работат со Windows XP може да звучат запрепастувачки – сепак, тоа е само 1,26% од сите компјутери во светот. За споредба, Windows 10 се користи на повеќе од 1,2 милијарди компјутери ширум светот.

Трендинг

На почеток
error: