Медиасет.мк

Медиасет

(Фото) Познатиот директор бесен пред Вимблдон: Со овој потег покажаа непочитување кон Новак

Пол Мекнами, поранешниот директор на Австралија опен, реши да реагира поради магазинот „Сандеј тајмс“ и неговата насловна страница, која е провокативна.

Немаше голотија, вулгарни зборови или нешто друго, но Мекнами едноставно смета дека ваквата порака е претерано.

На насловната страница е Карлос Алкараз, но Мекнами е лут поради натписот кој беше објавен покрај фотографијата на Шпанецот.

Ја ставија титулата „Крал Карлос“ и го окарактеризираа како „спасител на тенисот (кој се уште живее со својата мајка)“.

Тоа воопшто не му се допадна на Мекнеми.

„Ноќта пред Вимблдон и додека јас сум голем фан на Алкараз, ова е непочитување кон двајцата момци кои се над него. Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, како и целиот женски тенис“, изјави Мекнами.

Интересно е што ваквиот став на англискиот весник може да се разбере и од маркетиншка страна, бидејќи се добива впечаток дека Алкараз носи многу нови работи, но тоа не го оправдува ваквото непочитување.

На почеток
error: