Концертот на пејачот Радиша Трајковиќ Џани, бил прекинат од страна на инспекција поради кршење на мерки за спречување на коронавирусот. Џани настапил во клуб во Босна и Херцеговина во кој имало повеќе од петстотини луѓе.
Објектот е затворен поради непочтиување на прописите. Епидемиолошките мерки не биле почитувану ниту внатре во објектот, ниту пред влезот. Голем број од луѓето биле без маски и не држеле социјално растојание додека чекале во ред, за да влезат внатре.
Синоќа во Босна и Херцеговина бил забележан рекорден број на новозаразени со коронавирус. Имало 716 позитивни на Ковид 19.