Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Среде Белград Ѓоковиќ им држи час по тенис на дечиња

На Twitter се појави видео на кое српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му покажува на едно детенце како правилно да го држи рекетот.

Наводно, тенисерот го шетал неговото куче низ улиците во Белград, кога налетал на група дечиња, од кои едното држело тениски рекет. Новак без двоумење му го побарал рекетот и му покажал како правилно да го држи, но и како да замавне со него. Околу нив, пак, стoи група дечиња кои љубопитно ги набљудуваат.

„Ретко ќе видите светски првак во тенис како им држи часови на децата во соседството додека си го шета кучето низ Белград“, стои во описот на видеото.

Трендинг

На почеток
error: