Медиасет.мк

#ОХРИД

(ФОТО) Пуштен во употреба новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата “Свети Никола”


На големо задоволство на жителите денес го пуштивме во употреба новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата “Свети Никола”, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во Објавата додава:

Иако се работи за стрмен планински предел, градежните активности за изградба се одвиваа непречено и беа навремено завршени. За реализација на овој инфраструктурен проект беа издвоени 10.300.000 денари од буџетот на Општина Охрид.
Искрено се радувам што со изградбата на овој патен правец исполнуваме едно долгогодишно барање на месното население, но истовремено чувствувам и тага што помеѓу нас не беше и Трајче Кочески кој беше најголем иницијатор за изградба на овој асфалтен пат. Упатувам посхумна благодарност за неговите заложби како претседател на Црковниот одбор од Велгошти.

На почеток
error: