Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ФОТО) Со изградба на потпорен ѕид во Варош, се решава долгогодишниот проблем на жителите

Медиасет.мк
пред 5 години
zid

Со изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи.

Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку локации во стариот дел на градот.

На дел од патеките предвидено е да биде извршена замена на старите бехатон плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување на нова основа и прередување.

Исто така, во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата „Канео“ и во близина на хотел „Александрија“.

извор: ФБ Константин Георгиески

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 14 часа

media-libraryrcmu5a4ka6ubezdf0bp

Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?

Трендови | пред 15 часа

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања