Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ФОТО) Стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид

Медиасет.мк
пред 5 години
vakcinacija-4

Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.

Во текот на вчерашниот ден пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Регионалниот центар во Охрид е надлежен за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.

Општина Охрид во координација со ЈП "Билјанини Извори" и надлежните од Министерството за здравство обезбеди просторни услови и беше вклучена во логистичка поддршка во делот на опремување. Исто така 36 вработени од локалната самоуправа се ангажирани во редарската служба на центарот и во делот на функционирањето на системот за евиденција.

Регионалниот центар за имунизација во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Бладарение на општествено одговорни компании, центарот беше опремен со 14 паравани, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.

За останатите надлежности околу спроведување на имунизацијата, ангажирање на волонтери, за целиот процес и протокол за организација на вакцинацијата надлежно е Министерството за здравство. Сите поединци кои се дел од процесот на имунизација се соодветно обучени и имаат поминато процес на симулација на вакцинација.

Според информациите од министерството, во моментот во Центарот за вакцинација во Охрид ангажирани се доволно лица за непречено одвивање на процесот и доколку се утврди зголемена потреба, според соодветен план и динамика можно е да бидат вклучени и дополнителни обучени лица.

Општина Охрид упатува апел до сите граѓани да се регистрираат во системот и навремено да резервираат термин за вакцинација. Вакцинацијата е единствениот начин за надминување на здравствената криза предизвикана од светската пандемија со Ковид 19.

извор: ФБ Константин Георгиески

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 14 часа

media-libraryrcmu5a4ka6ubezdf0bp

Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?

Трендови | пред 16 часа

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања