Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

(ФОТО) Започна поставувањето на типизирани куќарки брендирани со логото на Општина Охрид - нема да има повеќе шаренило

Медиасет.мк
пред 5 години
kukarki

Охрид се подготвува за летната сезона. На градскиот Кеј повеќе нема да има шеренило од разноразни колички и објекти на кои ќе се продава храна.

Како што најави Градоначалникот Константин Георгиески од рано утрово започна поставувањето на типизирани куќарки брендирани со логото на Општина Охрид, за оваа намена.

„Нема да има шаренило како досаега од разноразни објекти кои се поставуваат на Кејот и служат за приготвување на храна во несоодветни услови. Постојано сме во координација со агенцијата за храна. Овие типизирани куќарки сите ќе имаат топла вода. Занеме дека досега храната на Кејот се подготвуваше во супстандардни услови. Охрид тоа не го заслужува“, вели градоначалникот.

Инаку типизираните куќарки за прв пат беа поставени за Нова Година.

Како и тогаш така и за летната сезона, ќе биде дозволено изнајмување само на овие куќарки.

„Само тие ќе добијат дозвола ќе работат, сите останати ќе бидат отстранети“, вели Георгиески.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 14 часа

media-libraryrcmu5a4ka6ubezdf0bp

Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?

Трендови | пред 16 часа

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања