Медиасет.мк

#ТРЕНД

Фотографија на Ким Кардашијан предизвика смешни коментари


Еден од најпознатите италијански дизајнери, Роберто Кавали (80), на својата девојка Лина Нилсон (33) ѝ подарил остров во Шведска за кој платил милион евра.

Кавали е галантен кон својата 47 години помлада партнерка, која редовно ја изненадува со скапи подароци, а на островот има четирисобна вила, колиба за лов, базен и терен за голф.

Модниот магнат, чие богатство се проценува на 500 милиони долари, е во врска со Лина од 2008 година. Таа влегла во врска со него на 20-годишна возраст и на почетокот многумина ги осудувале поради разликата во годините. Дури ја нарекувале и спонзоруша затоа што е во врска со познат дизајнер, кој според возраста може да ѝ биде дедо.

Тие често може да се забележат како уживаат во луксузни одмори на јахти, а нивните заеднички и страсни моменти редовно ги снимаат папараците.

Славниот Италијанец порано имаше проблеми со одењето поради повреда на коленото, но неговата Лина секогаш беше подготвена да му помогне. Се зборуваше дека двојката ќе го изговори судбоносно „да“, но тоа сè уште не се случило.

Кавали зад себе има два брака, од кои има пет деца.



Трендинг

На почеток
error: