Медиасет.мк

#ТРЕНД

Фустанот на Ева Лонгорија ќе биде хит ова лето

Во последно време актерката Ева Лонгорија често е фотографирана во спортски комбинации со оглед на тоа дека вредно работеше на својата форма откако се породи.

Шетајќи низ Беверли Хилс, Ева Лонгорија го привлекла вниманието на папарацо фоторепортерите облечена во долг бел летен фустан со густи светли риги. Во фустанот на тенки прерамки, со длабоко деколте и појас под градите изгледа прекрасно на нејзини 45 години. Ваквиот фустан Лонгорија го искомбинирала со жолти сандали.

Оваа лежерна комбинација најверојатно ќе биде актуелна во топлите лени месеци.

Долгите макси фустани се безвременски и им прилегаат на сите жени, удобни се и никогаш не излегуваат од мода. Можат да се носат и со сандали, со папучи, но и со патики, а секоја комбинација ја прават елегантна.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: