Општина Охрид целосно ја комплетираше реконструкцијата на улицата „Абас Емин“, една од најважните сообраќајници во Охрид.
„Денеска започнаа финалните градежни активности за поставување на вториот асфaлтен слој на коловозот, на потегот од пресекот со улица „Охридска бригада“ до пресекот со улица „Железничка“. Реконструкцијата на улицата траеше околу 13 месеци, а вредноста на вкупната инвестиција е 40 милиони денари. Поставени се нови цевководи на фекалната, водоводната и атмосферската мрежа; Извршено е преприклучување на сите домаќинства; Извршено е соодветно тампонирање на подлогата на коловозот; Поставени се два слоја асфалт во должина од 1100 метри; Извршено е уредување на пешачките патеки.Наскоро ќе започне поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација“, напиша Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид