Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Георгиевски: Ветив медал, донесов медал, не застанувам тука, Да живее Македонија!

Медиасет.мк
пред 5 години
dejan

Скопје го дочека новиот макеоднски херој Дејан Георгиевски, спортисот кој освои сребро на Летните Олимписки Игри во Токио, прв медал после две децении за Македонија.

„Ве обожавам, немам зборови да опишам. Благодарам за сета поддршка, за тоа што дојдовте во голем број. Фала му на Господ, тој е прв со нас и без него ништо немаше да биде можно. Благодарам на мојот тренер Дарко Костовски кој го гледавте како навива, кој ми ја даваше дополнителната енергија баш кога ми беше најпотребно. Со мене почна од пионер-кадет и многу карактеристики ги прифатив од него. Другиот мој тренер Борче Костовски, тој е доктор за луѓе, ама и во таквондо. Тие се два најголеми кривци за медалот од ЛОИ. Посебно Борче, кој ја прави стратегијата, толку прецизно што нема промашено. Благодарност до семејството, благодарност до мојот брат Пуки, до сестра ми Анамарија...

Ветивме дека ќе донесеме медал, сакавме златен, за жал сребро, но ветивме дека ќе донесеме медал. Сега кога го скршивме мразот, на сите следни ЛОИ ветувам дека ќе имаме повеќе учесници и медали, не само во таеквондо, туку во сите спортови. Не сакаме само учество, сакаме медал(и).  Посакувам останатите што ќе учествуваат допрва да нѐ израдуваат и да донесат медал. Да ја израдуваме Македонија пак – да живее Македонија!“, рече Георгиевски во обраќајњето од плоштадот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 1 ден

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 1 ден

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 1 ден

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања