#ТРЕНД

Георгина Родригез „тргна по стапките на сопругот“ со фудбалското Фотошоп-стопало

Објавено на

Георгина Родригез, прочуена како по фактот што му е сопруга на Кристијано Роналдо, така и по способноста да привлече внимание со својот изглед и имиџ, одново не разочара, објавувајќи уште една слика од нејзината заносна фигура во тигресто бикини.

Сепак, во обидот да стигне до вниманието на обожавателите, тие самите забележаа дека Георгина била невнимателна.

Mанекенкатa на една од фотографиите објавени на Инстаграм очигледно претерала со ефектите и премногу го издолжила стопалото, чија неприродна форма и пропорции предизвикаа потсмешливи коментари, како тој дека Аргентинката „тргнала по стапките на сопругот“ со фудбалското Фотошоп-стопало.

На сите им е јасно дека фамата околу Фотошоп-утката на Георгина ќе трае само до нејзината следна фото-сесија, но манекенката отсега веројатно ќе биде повнимателна со дигиталните обиди да биде уште поубава.

Трендинг

Exit mobile version