Вработени во германско кафуле ги натерале гостите да носат специјални капи, со цел, да одржуваат дистанца од себе, односно, при секое доближување, со капите, да се предупредуваат и раздалечуваат едни од други.
Гостите ги носат капите додека пијат кафе или ручаат во кафулето. Ова е само еден од начините во Германија, со кој, дистанцата од два метри се одржува постојано, а со тоа, се намалуваат предупредувањата од полицијата, но и казните за граѓаните.
Германците, пак, во изјави за локалните медиуми велат дека капите се кул и дека би ги носеле и да нема корона, а дистанцата е навика. Тие сметаат дека капите треба да се носат и во маркети, бидејќи, таму, гужвите се најголеми, а дистанцата најпотребна. Носењето на капи во кафулето е воведено кога земјата започна да ги олабавува мерките за заштита од коронавирусот.
Уникатната идеја на кафулето беше споделена на „Фејсбук“ каде има повеќе од 1.500 споделувања.