Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Ѓоковиќ или Синер: Ролан Гарос ја решава лудата борба за првото место

Медиасет.мк
пред 2 години

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, ја започна 427-та недела на врвот на АТП-листата и на тој начин го собори рекордот на сите времиња кој го држеше извесно време, но тронот може да се загуби во зависност од резултатите на Ролан Гарос.

Новак повеќе не зависи само од себе, туку ќе мора да ги следи резултатите на Италијанецот Јанико Синер со кој може да се сретне само во финалето на вториот Грен слем.

Новак во Женева освои 100 бода откако се пласираше во полуфиналето и сега има 9.960, додека Синер е на второто место со 8.770.

Сепак, Ѓоковиќ ги брани сите 2.000 поени во Париз, додека Синер има само 45, бидејќи беше елиминиран во второто коло претходната година.

Доколку Новак не се пласира во полуфиналето, Синер на 10 јуни ќе стане рекет број еден во светот. Но, доколку Италијанецот се пласира во финалето, ќе стигне до првото место без разлика на резултатот на Ѓоковиќ.

Се на се, нè очекуваат две луди недели во кои Новак ќе ја продолжи доминацијата или Синер за прв пат во кариерата ќе биде на 1. место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 1 седмица

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 1 седмица

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања