Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Ѓоковиќ ќе плати 5.600 фунти поради пцовка на Вимблдон

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-libraryi8v4565g05ik9GhE7S8

Новак Ѓоковиќ е меѓу тенисерите кои добија парична казна на овогодинешниот Вимблдон поради прекршување на Кодексот на однесување.

Организаторите на турнирот соопштија дека седумкратниот шампион ќе треба да плати 5.600 фунти поради гласно изговорена пцовка за време на натпревар од главниот турнир.

Иако не е наведено на кој меч се однесува казната, според британските медиуми најверојатно станува збор за осминафиналниот дуел против Роман Сафиулин. Тогаш, по загубен сервис на почетокот од третиот сет, Ѓоковиќ бурно реагираше и доби официјално предупредување од главниот судија.

Подоцна во истиот натпревар, српскиот тенисер повторно го покажа своето незадоволство откако по еден поен ја удри топката надвор од теренот.

По мечот, Ѓоковиќ призна дека не е горд на својата реакција.

„Понекогаш помага да го исфрлите она што се насобрало во вас. Не сум горд кога добивам опомена или кога ја губам контролата. Тоа не е нешто што го сакам, но кога ќе се случи, се обидувам што побрзо да продолжам понатаму и да се фокусирам на следниот поен“, изјави тој.

На листата на казнети тенисери се најде и српскиот тенисер Хамад Меѓедовиќ, кој беше санкциониран со 3.700 фунти, исто така поради гласно изговорена пцовка. Меѓу казнетите се и Хуберт Хуркач, Жоао Фонсека, Дамир Џумхур, Танаси Кокинакис, Корентен Муте и Џулијан Кеш поради различни прекршувања на правилата за однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 5 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања