Крис Смит на 21 година донела одлука да го даде својот 3-годишен син Метју, на посвојување. Во тоа време, Крис немаше работа. Таа знаеше дека ова не е живот што треба да го живее едно дете, па сакаше да му даде можност за подобар живот.
Како дете, самата Крис беше сместена во згрижувачки дом. Забремени на улиците, кога и самата таа беше дете. Откако се откажа од Метју и го даде на посвојување, Крис беше бездомник неколку години. Еден ден, сфати дека сака да се бори за нејзиниот живот. Се вработи во ресторан.
Крис започна нов животот, зеде стан, изгради круг на пријатели и се заљуби во човек со кого се омажи.
Сопругот на Крис имал свои деца, кога Крис ја набљудувала неговата љубов кон нив, добила храброст да почне да се јавува во социјални центри за да го најде нејзиниот биолошки син Метју. Зачудувачки, таа веднаш го нашла социјалниот работник задолжен за Метју.
Поминаа седум години откако Крис се збогува од Метју. Цело време, таа претпоставуваше дека Метју пронашол дом за посвојување – но наместо тоа, ја дозна шокантната вистина. Метју живееше во установата каде што Крис го оставила. Тој никогаш не бил посвоен.
Она што се случи следно е толку неверојатно. Крис добила дозвола да го посети нејзиниот син. По неколку месеци, Метју почнал да живее со мајка му и конечно и официјално повторно станал син на Крис. Ова е еден од ретките случаи кога биолошка мајка го посвојува својот биолошки син.