Медиасет.мк

#ФОКУС

Го спасил синот кој бил во кома, не им дозволил на лекарите да го исклучат од апарати

Американецот Џорџ Пикеринг Втори, му го спасил животот на својот син, кој бил во кома, не дозволувајќи им на лекарите да го исклучат од апаратите. Пикеринг од Тексас, влегол во пиштол во болницата и не им дозволил на лекарите да ги исклучат апаратите кои го одржувале син му во живот.

Тој сега е обвинет за напад со смртоносно оружје. Неговиот син Џорџ Трети, бил прогласен за мртов, откако претрпел силен мозочен удар. Лекарите на семејството им објасниле дека нема повеќе надеж за да се спаси. Дури и мајката се согласила да го исклучат од апаратите.

Веќе биле договорени работите и околу трансплантација на неговите органи.

Џорџ очаен поради ваквата одлука, влегол со пиштолот во болницата и се затворил кај синот во собата. По три часа поминати со него, тој почуствувал како синот силно му ја стиснал раката три пати. Џорџ се предал откако лекарите подоцна утврдиле дека момчето е живо.

„Го прекршил законот, но го прекршил од вистинската прична. Јас сум жив сум поради тоа. Тоа е љубов“, изјавил подоцна неговиот син Џорџ Трети.

На почеток
error: