Медиасет
Google против блокирањето на VPN и торенти: „Ова не ја запира пиратеријата“
Google се спротивстави на предлозите на Европската комисија за блокирање на пиратски интернет-страници, оценувајќи дека блокирањето на DNS-сервиси (системи за преведување интернет-адреси), VPN-сервиси (услуги за виртуелна приватна мрежа) и IP-адреси (интернет-адреси) е главно неефикасно и може да предизвика штета за легитимните интернет-услуги.Компанијата во своето обраќање до Европската комисија наведува дека ваквите мерки не го отстрануваат спорниот материјал од интернет, туку само привремено