Медиасет.мк

#ДОСИЕ

Горкото, но победничко искуство со коронавирусот, Македонец го раскажа од почеток до крај

Илина Крстевска е една од ретките која сподели како да се помине борбата со коронавирусот, како да се избориш и да бидеш победник. Таа објави искуство од нејзиниот татко, за жал горко, но триумфалистичко!

Во продолжение, интегрално ви го пренесуваме:

„Со текстов го споделувам искустсвото од вирусов кој го поминав. Иначе, никој ништо не ми кажа ниту пак некоја специјална терапија ми препиша. Ќе се задржам на најважниот дел кој што е и пресуден и за критичните случаи. Процесов има крива на развој нагоре од ден 1 (почна со температура и изнемоштеност) до 7-от. Во овие денови можно е да се појават болки во одредени делови од телото: грб, плешка, половина, колк, гради, стомак, коски итн, но и не е важно тоа, важно е дека има болка некаде, а како поминуваат деновите таа се засилува, може и да се префрли од позади на напред но Најважното е ја има и се засилува до 7-от ден кој е најважниот и најтешкиот, пик ден. Тој ден 24h се соочив со континуирана болка и на најмало движење чувството беше дека ми се распаѓа се од внатре во градите (кај друг може да биде дека коските му се распаѓаат, тоа е индивидуално) но она што е важно а никој не ни го кажал е дека е тоа привидно чувство, реално не е така градите еве ништо не им е, кај друг коските тука му се итн. Да се навратам на чувството на болка од вирусов, тоа е нешто што не се опишува колку е интензивно и ми го одземаше вниманието, мислите, телото, се, се соочив со нешто екстремно и нормално тоа што паѓа на памет дека тоа е крајот, црни мисли на купот настани. Тоа што сакам да го нагласам овде за овој ден за овој вирус, тој си поигрува со чувството на болка до крајни човечки граници, реално ништо не се распаѓа и нема последици. Тоа што јас го практикував да му помогнам на телово е да лежам на грб, да не се движам, да се обидам да го насочам вниманието на дишењето да се отргнам од болката. Ова не е едноставно, но само така може да му помогнеме вистински на телото да не не обземат сите црнила на овој свет. Во спротивно инстиктивно при болка телото се грчи како кифла, го стегаме целото тело, го стегаме градниот кош до енормни граници се со цел да не се движиме да не не боли, а бидејќи болката е енорма и грчот е енормен и тогаш сигурно доаѓаат и оние ситуации кога се губи животот зашто се угушил од грч.

https://www.facebook.com/krstevskailina/posts/1518083945032565

Од 8-от ден до 13-от кривата оди надоле се заздравува. 8-от ден немав континуирана болка но ми доаѓаше во бранови како поминуваше денот беше се помала и пократко траеше. Другите денови ја снема. Другите пропратни нешта за овој вирус кој ги имав се температура од немање до макс 39.4 зависи во кој дел од денот, кашлање суво, изнемоштеност (како и при било која друга настинка) сето ова е присутно до 13-от ден. 14-от ден ја снемав и температурата остана само благо поткашлување кое очекувам брзо да го снемам.
После се заклучокот ми е да обрнете внимание на симптомите на болки, тогаш да знаете свесно што да очекувате на 7-от ден, да не се плашите се е привид тоа е алатка само на овој вирус да си игра до крајните наши граници за болка, на овој ден задолжително треба да се прими нешто против болка ова е работа на здравствените работници, најдобро е по процедура да ги земаат сите на овој ден или пак посетат и да им дадат тоа што треба за болка за 7-от но и за 8-от ден но во поблага варијанта или по потреба. Кај други можеби вирусот не става акцент на болката туку на некој друг здравствен проблем што значи пристапот на вирусов му е индивидуален од човек до човек а со самото тоа и пристапот кон давањето лекарства треба да биде таков.

Сега ќе бидам имун, ќе имам антитела кои за некои други ситуации ги користат при лекување за тешки случаи, за жал за овој вирус не се користи крвната плазма со антителата, зашто не знам, ја споделувам и оваа инфромација со вас до која дојдов.

Од терапија, тoa што користев:
C-витамин од 1000 x1/ден
D-витамин од 1000 x1/ден
Масло од Орегано x3 капки во малку вода/ден (гадно е)
Сода бикарбона x1лажица во тенџере со вода за инхалација x3-пати на ден (очите затворни или покриени со крпа внимавајте, но најдобро помага за кашлицата, се чувствувате многу пријатно потоа)
AquaMaris за нос

Во посакувам да имате имате добро здравје!
Златко Крстевски
Ако ви требаат дополнителни информации пишете ми на e-mail: [email protected]

Дополнување:
Татко ми е добар, и го прележа успешно вирусов.

Чувајте се дечки!“, пишува Крстевска. 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: