Трендови
Креирањето на квалификуван стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд е еден од најважните предуслови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор во Охрид.
Како дел од кампањата “Учи паметно, работи стручно” заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имавме можност да бидеме дел од промотивните активности на ДУТУ“Ванчо Питошески” и ОЕМУЦ “Свети Наум Охридски”, наменети за учениците од деветтите одделенија и нивните родители, на кои се презентираат струките и образовните профили за учебната 2021-2022 година.
Во Охрид веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Преку овој систем на образование учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со обучен кадар, кој е подготвен веднаш да одговори на работните задачи од соодветната струка.
Општина Охрид е подготвена да ги поддржи сите реформи за унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта кои имаат за цел да придонесат за подобра иднина на младите, напиша во ФБ објавата градоначалникот Георгиески.
Google
Постави го Медиасет за твој Google извор
Градоначалникот Георгиески оствари работна средба со министерката Царовска
пред 5 години
Поврзани содржини
Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?
Трендови | пред 14 часа
Без кафе неколку дена: Што се случува со телото и колку трае одвикнувањето?
Трендови | пред 15 часа
„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност
Трендови | пред 2 седмици
Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување
Трендови | пред 3 седмици