#ОХРИД

Градоначалникот Георгиевски во посета на центарот „Една точка за услуги“

Објавено на


Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, заедно со Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, го посетија центарот „Една точка за услуги“, кој од неодамна официјално започна со работа во Охрид.

Центарот ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните при обезбедување на информации и документи.
Целта е да се подобри ефикасноста на државните служби, да се поедностават административните процедури и да се зголеми бројот на е-услуги.

Граѓаните во центарот за услуги, кој е лоциран во стариот влез на зградата на Општина Охрид, ќе може да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, 62 услуги преку воспоставена комуникација со другите институции и 800 услуги во вид на сервисни информации.

Трендинг

Exit mobile version