Медиасет
„Градот со две мориња“ е скриена тајна на Италија: Приморски рај кој туристите сѐ уште не го откриле
Сместен на брегот на Лигурија, меѓу познатите туристички места како што се Џенова и Чинкве Тере, Сестри Леванте важи за едно од најшармантните приморски места во Италија.Овој мал град во Италија освојува на прв поглед со комбинација од пастелни куќи, кристално чисто море и опуштена атмосфера која го издвојува од пренатрупаните туристички дестинации.Она по што Сестри Леванте е уникатен е неговата положба на тесен полуостров кој дели два прекрасни заливи. Тоа се Baia del Silenzio (Залив на тишината) и Baia delle Favole (Залив на бајките).Првата е позната по мирната, речиси романтична атмосфера и се смета за една од најубавите плажи во Италија, додека втората е пожива и погодна за семејства и активен одмор.Името Baia delle Favole не е случајно. Градот бил инспирација за познатиот дански писател Ханс Кристијан Андерсен, кој престојувал тука за време на своите патувања.Во негова чест, во градот секоја година се одржува фестивал посветен на бајките. Тоа дополнително го нагласува уметничкиот и културниот карактер на ова место.За разлика од погламурозните дестинации како Портофино, Сестри Леванте го задржал автентичниот дух на рибарско место. Тесните улички на стариот град, локалните ресторани со свежи морски плодови и опуштениот ритам на живот го прават идеален за патници кои бараат помирно и поавтентично доживување на Италија.Благодарение на одличната поврзаност, Сестри Леванте е совршена почетна точка за обиколка на целиот регион Лигурија.Во непосредна близина се наоѓаат живописните села Чинкве Тере, додека Џенова е оддалечена помалку од еден час возење. Оваа комбинација на мир и достапност го прави сѐ попопуларен избор меѓу патниците од Европа.Ако барате дестинација што нуди спој на природна убавина, историја и автентична италијанска култура, Сестри Леванте е место што треба да се посети што поскоро.Без преголема гужва, овој град сѐ уште ја чува својата автентичност. Токму онаа вистинска автентичност која во популарните дестинации сѐ повеќе се губи.