Првиот квартал од годината за грчкиот туризам заврши со силни стапки на раст во однос на бројот на посетители и приходите, покажувајќи значителна отпорност и покрај сериозните геополитички турбуленции, пишува Екатимерини.Овие резултати се особено значајни ако се земе предвид дека клучни пазари за грчкиот туристички сектор, како поширокиот Блиски Исток и Израел, практично беа надвор од игра.Особено во март, авионската поврзаност со овие региони беше речиси целосно прекината поради пошироките воени конфликти меѓу САД, Израел и Иран.Прелиминарните податоци од Банка на Грција покажуваат дека влезниот туристички сообраќај забележал значителен раст. Во периодот јануари-март бројот на посетители се зголемил за 38,3 проценти, надминувајќи ја границата од 3 милиони и достигнувајќи 3,4 милиони туристи.Овој раст бил поттикнат и од зголемениот број патници преку аеродромите, кој пораснал за 18,8 проценти, како и преку копнените гранични премини, каде е регистриран раст од 84,3 проценти.Трендот продолжил и во март, кога биле регистрирани 1,27 милиони пристигнувања, што претставува раст од 38 проценти во споредба со истиот период лани.Зголемениот број посетители директно се одразил и врз туристичките приходи, кои пораснале уште побрзо. Во првиот квартал приходите од туризмот се зголемиле за 64,3 проценти и надминале 1,67 милијарди евра.Во март приходите пораснале за 55,6 проценти и достигнале 669,4 милиони евра.Главен фактор за овој раст бил значителниот пораст на просечната потрошувачка по турист. Таа се зголемила за 19,9 проценти во првиот квартал и за 13,8 проценти во март.Според бројот на посетители, на прво место била Германија со 297.300 туристи, по што следуваат Обединетото Кралство со 250.000, САД со 172.500 и Италија со 159.600 посетители.
