#ТРЕНД
Грета се сретна со нејзиниот идол
Климатската активистка Грета Тунберг и добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи се сретнаа вчера на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија за да разговараат за нивниот активизам и да им пренесат важни пораки на студентите.
Тунберг дојде во посета на Јусафзаи, која студира филозофија, политика и економија на Оксфорд.
She’s the only friend I’d skip school for. pic.twitter.com/uP0vwF2U3K
— Malala (@Malala) February 25, 2020
„Таа е единствената пријателка за која би прескокнала прадавања“, напиша Јусафзаи на „Твитер“.
So… today I met my role model. What else can I say? @Malala pic.twitter.com/n7GnXUngov
— Greta Thunberg (@GretaThunberg) February 25, 2020
„Денеска се запознав со мојот идол. Што друго можам да кажам?“, објави 17-годишната Швеѓанка на социјалните мрежи.
Малала Јусафзаи е 22-годишна Пакистанка која е најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир, што ѝ беше врачена во 2014 година. Таа е позната по својот активизам за правата на девојчињата и правото на образование.