Медиасет.мк

Медиасет

Груевски на Саем на книга: „Добро е да се знае 2“

Книгата „Добро е да се знае 2“ од поранешниот премиер Никола Груевски, кој со години престојува во Унгарија како азилант, е изложена и се продава на актуелниот Саем на книга во Скопје.На фотографиите од штандот може да се види дека изданието е поставено на видно место, со повеќе примероци достапни за посетителите. Станува збор за продолжение на првиот дел, со поднаслов „есеи за значајни историски мигови“, што е истакнато и на корицата.Според содржината, книгата обработува теми поврзани со македонската историја, револуционерното движење и националниот идентитет, преку текстови, документи и интерпретации на историски настани и личности. Во предговорот авторот наведува дека делото има за цел да понуди поширок контекст за историските случувања и да отвори простор за, како што наведува, „осветлување“ на одредени теми.Во делот „Содржина“ се наведени текстови посветени на личности како Гоце Делчев, Јане Сандански и други историски фигури, како и осврти на настани од различни периоди, вклучително и Илинденското востание и политичките процеси во регионот.Присуството на книгата на саемот е во моменти кога Унгарија добива нова власт, Виктор Орбан заминува, а идниот премиер Петер Маѓар најави можна екстрадиција на Груевски.Претходно Груевски издаде и двотомно издание на „Будимпештански записи”.

На почеток
error: