Медиасет.мк

Медиасет

Хаос на небото над Хрватска: Пијани патници се степале, се удирале со тупаници, полицијата ги привела по слетувањето

Патниците во авионот на летот за Задар во понеделникот доживеале вистинска драма откако двајца пијани патници физички се пресметале, јавува Дневник.хр.

Во 11:50 часот полицијата од задарскиот аеродром добила дојава дека на лет за Задар имало нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата веднаш отишла на аеродромот, каде го пречекала авионот и привела двајца мажи, државјани на Велика Британија, на возраст од 25 и 20 години.

Во полициските простории им била укажана лекарска помош бидејќи и двајцата се полесно повредени, а со алкотест е утврдено присуство на алкохол во телото.

Утврдено е дека Британците за време на летот вербално се судриле меѓу себе во авионот, а потоа физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, извести задарската полиција.

Против двајцата е поднесен обвинителен акт до Општинскиот суд во Задар.

Трендинг

На почеток
error: