#ТРЕНД
Хари сакал да го напушти кралското семејство, а не Меган
Принцот Хари бил тој што сакал да го напушти животот во кралското семејство, а не Меган, тврди британскиот таблоид „Сан“. Тие се повикуваат на книгата Finding Freedom, која треба да излезе во продажба на 11 август, а вклучува мемоари и детали од животот на Хари и Меган.
Според авторите на мемоарите, Омид Скоби и Катрин Дуранд, ваквата одлука на Хари била од поодамна, односно ја донел брзо по венчавката. Сепак, му било потребно подолго време за да се осмисли и организира напуштањето на кралското семејтсво. Книгата е, наводно, пишувана со знаење на Меган и Хари.
„Оваа книга ќе покаже дека Меган не е таа што го води семејството, како што мисли јавноста, туку дека Хари ги донесува главните одлуки“, пишува „Сан“, повикувајќи се на извор во издавачката куќа која работи на книгата.
„Зборот ‘Мегзит’ го смисли Хари, за да се добие впечатокдека одлуката да си заминат од кралското семејство била на Меган. Вистината е дека тој долго време не беше серќен, а книгата објаснува што се случувало и кои се неговите причини за заминувањето. Планото го осмислувал повеќе од една година. Меган ја поддржа неговата одлука, иако повеќе пати го прашува дали навистина сака да се одвои од семејството. Таа од почетокот на врската јасно му стави до знаење дека ќе го поддржува, без оглед на сè“.